Пожарникарите работат на расчистување на теренот, а присутни се полициски екипи за утврдување на причините.
Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, изјави дека интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот и оти причинета е само материјална штета.
„Во гаснењето на пожарот беа вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари“, информира Томевски.