„Во пожарот не била зафатена шума, а опожарени се околу 20 хектари сува трева. Синоќа екипа на ТППЕ од Македонска Каменица беше присутна на терен, на кои им се приклучија екипи на гранична полиција и шумско стопанство кои дежураа заради превенција“, информираа од Регионалната канцеларија на ЦУК.
Појава на пожар во каменичко имаше и во изминатите денови за што останува препораката на надлежните за одбегнување на палење оган на отворено.