„Екипа составена од тројца пожарникари со едно возило денеска попладне гасеа пожар во атарот на селото Костин Дол. Во гасењето учествуваа и двајца шумски работници“, информираше Трајчевски.
Пожарот бил регистриран кај месноста Вировите, а зафатен бил околу еден хектар борова шума.
„Апелираме да не се пали оган на отворено од типот на палење стрништа и слично, бидејќи појавата на ветар е присутна деновиве и може да предизвика штетни последици“, рече Трајчевски.
Освен во Каменичко, деновиве се гасеа пожари и на повеќе локации во делчевско-пехчевскиот регион, каде, како и во Македонска Каменица, причината е палење стрништа.