Меџити, како што е наведено во соопштението, ја истакнал важноста на дијалогот и клучната улога на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави. Тој нагласил дека за време на неговата посета на Вашингтон е посветен на зајакнување на врските на Македонија со демократскиот свет, промовирајќи заеднички вредности и пријателство меѓу народите.
„Вербата, вредностите и пријателството меѓу народите се мостовите што нѐ поврзуваат и врз кои треба да ја градиме инклузивната иднина“, истакнал Меџити.
За време на престојот во САД, како што се наведува во соопштението, Меџити остварил значајни средби, потврдувајќи ја посветеноста на Македонија за продлабочување на меѓународната соработка и зајакнување на стратешките партнерства.