Претседател на Комисијата за политички систем е Љупчо Пренџов од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а негов заменик е Јован Јаулевски, од ВМРО-ДПМНЕ. Претседател на Законодавно правната комисија е Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ, а негов заменик е Бобан Николовски од истата коалиција.
Членовите на Комисијата го прифатија барањето на поранешниот претседател Стево Пендаровски за мирување на правото на пензија што тој го доставил до Собранието на 15 мај.