петок, 25 октомври 2024

Изборот на техничка Влада е доведен во прашање поради ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од ЛДП

„Имаме одговорност како политичари сите да учествуваме во изборот на техничката влада која има за цел да го гарантира успехот на изборите“, велат од Либерално демократската партија.

Објавено на

часот

Сподели

„Неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да се воздржи од гласање за техничката влада и да говори дека истата нема да има легитимитет. Доколку ВМРО ДПМНЕ не ги гласа министрите што сами ги предлагаат зашто ние би ги гласале истите? До кого тие ќе ги предложат своите министри ако тврдат дека техничкиот премиер нема легитимитет?”, прашуваат од ЛДП.

Според нив нелогично е другите политички партии како и ЛДП да им дадат поддршка на нивните министри кога тие самите велат дека нема да си ги поддржат предлозите кои ги даваат.

„Потсетуваме дека со игрите кои ги води ВМРО- ДПМНЕ самите свесно го доведуваат во прашање целиот процес на избори”, реагираат од ЛДП.

Како што додаваат несериозни се изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тоа не е потег на партија која и мисли добро на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ