петок, 18 октомври 2024

Избори: Седум тужби од ДУИ до Управниот суд

Управниот суд иформира дека по поднесени седум тужби од коалицијата на ДУИ Европски фронт на парламентарните избори 2024 година против решенија на Државната изборна комисија (ДИК) оформени се предмети и ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот Законик.

Објавено на

часот

Сподели

Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот Законик, се вели во соопштението од претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини.

ДИК на 104 седница ги разгледа приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај. Од вкупно 27 поднесени приговори – девет од коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица, прифатени беа седум и тоа шест во петтата изборна единица и еден во шестата изборна единица.

Во Изборната единица 5 прифатени беа приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2101 во Желино.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ