Според анкетата на ТВ Клан, партијата на Курти освоила 38,2 отсто од гласовите, опозициската Демократска партија на Косово 22,4 отсто и Демократската лига на Косово околу 20 отсто. Слични резултати покажуваат и анкетите на весниците Експрес и Коха.
Во косовскиот парламент има 120 пратеници, од кои 20 се малцинства – десет Срби и десет други. На изборите се натпреваруваа шест српски партии, а најсилната, Српска листа, сестринска партија на владејачката СНС во Србија, е поддржана од официјален Белград.
Курти, левичар и албански националист, дојде на власт во 2021 година кога коалицијата предводена од Самоопределување освои повеќе од 50 отсто од гласовите.