среда, 23 октомври 2024

Избоден началникот на струшката полиција, брат на обвинителот Артан Ајро

Објавено на

часот

Сподели

Началникот на струшката полиција Дритан Ајро е брат на поранешниот обвинител на специјалното јавно обинителство (СЈО), Артан Ајро кој по распадот на СЈО беше избран како обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а неодамна беше унапреден во обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје.

„Денеска околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода 44 годишниот С.Н. од струшкото село Велешта, затоа што околу 17:30 часот на улицата Ристо Крле во Струга со остар предмет го нападнал 46 годишниот А.Д. од Струга. Тој е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани  тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“.

Доктор Берат Лена, дежурниот хирург во Општата болница Струга за МКД.мк вели дека Ајро е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.

„Пацинетот е примен во 17:50 часот. Му беа констатирани повреди на предниот дел на вратот, рана под долната вилица долга околу 10-11 сантиметри. Констатирани му се и повреди на кожата, мускулите на грлото па сѐ до јазикот. Презедовме реаниматорни мерки по што пацинетот беше опериран. Направена му е тампонада на раната како и хемостаза за да се запре крварењето“, изјави доктор Лена за МКД.мк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ