среда, 25 декември 2024

Избегнување на американското вето: Советот за безбедност на ОН пак го одложи гласањето за помош на луѓето во Газа

Обидувајќи се да избегне уште едно вето на Соединетите Американски Држави, Советот за безбедност на ОН ноќеска втор пат за два дена го одложи гласањето за предлог резолуцијата на арапските држави, со која се бара некој облик на прекин на борбите во Појасот Газа за доставување хуманитарна помош.

Објавено на

часот

Сподели

Првично планирано за понеделникот, гласањето беше одложено.

Членовите на Советот за безбедност останаа во интензивни преговори, откако САД побараа повеќе време. Разговорите се во тек во настојување на претставникот на владата на претседателот Џо Бајден при гласањето да се воздржи или да гласа за резолуцијата.

Предлог резолуцијата поднесена во понеделникот наутро повикува на „итен и одржлив прекин на непријателствата“, но таа формулација е разблажена во новиот текст.

Сега се „повикува на итно сопирање на непријателствата за да се овозможи безбеден и непречен хуманитарен пристап и на итни чекори кон одржлив прекин на непријателствата“. САД претходно се противеа на спомнување на „прекин на непријателствата“.

Предлогот покрај тоа ги повикува ОН да воспостават механизам за следење на испораките на помош. Тоа би можело да биде проблематично бидејќи ја заобиколува израелската инспекција на пратките на помошта која влегува во Газа.

Портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Џон Кирби кажа: „Сè уште работиме на модалитетите на резолуцијата. За нас е важно остатокот од светот да разбере за што станува збор и што Хамас направи на 7 октомври и дека Израел има право да се брани од тие закани“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ