Македонскиот тенисер денеска во финалето од квалификациите успеа да го совлада Лука Плосниќ од Италија со 2-0 во сетови. Ивановски двата сета ги доби со 6:3 во гемови. Ова беше трета победа во квалификациите за македонскиот тенисер.
Негов ривал во првото коло од турнирот утре ќе му биде Србинот Стефан Поповиќ, кој е рангиран како шести носител и се наоѓа на 439.место на АТП листата.
Турнирот во Пореч се игра за награден фонд од 15.000 долари и дела од турнирите „Истарска ривијера“.