По вчерашната победа над Брендон Волкин од Австралија, Ивановски денеска го совлада и домашниот тенисер Томеску и ќе игра на главниот турнир.
Иако победи во два сета, тоа беше исцрпувачки меч кој траеше речиси три часа, точно 2 часа и 50 минути.
Во двата сета се играше тај-брејк, првиот го доби Ивановски со 11-9, а вториот со 7-5 и избори место на главниот турнир.
Подоцна во денот, откако ќе завршат сите мечеви од второто финално квалификациско коло, ќе се знае кој ќе биде седниот противник на Ивановски.