Ивановски годината ја заврши на 326. место, што е голем напредок во однос на лани кога финишираше на 540. позиција.
Најдобриот македонски тенисер во моментов е во Дубаи каде тренира со Ѓоковиќ пред почетокот на новата сезона. Амбициите ново значително подобрување на ранкингот.
На почетокот од следната недела, Ивановски ќе настапува на чилинџер турнир во Португалија, тоа за него ќе биде отворање на новата сезона.
Од другите македонски тенисер, Горазд Србљак заврши на 1.052 место, а Обрад Марковски на 1.454 позиција.