сабота, 23 ноември 2024
Форум за културна дипломатија под покровителсто на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов

Иванов : Културни мостови се градат со дијалог и разбирање на различните култури

Вчера во Охрид се одржа второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

 

Објавено на

часот

Сподели

Tемата на форумот беше „Младите лидери за меѓународната соработка, одржливиот развој и глобалниот мир”, а во публиката, со можност за прашања и дискусија беа и младите учесници на 15-тата Школа за млади лидери.

Воведни зборови на првиот панел имаа поранешниот претседател Иванов, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, градоначалникот на Охрид – Кирил Пецаков и Мари-Луис Колеиро Прека, поранешна претседателка на Малта. Оваа панел дискусија беше на тема „Лидерство, културни мостови и правни рамки за пост-конфликтно помирување”, која ја модерираше амбасадорот Ивица Боцевски, специјален претставник на Владата при Унгарското претседателство со ЕУ. За лидерството, културните мостови и правните рамки за постконфликтно помирување дискутираа Младен Иваниќ, поранешен претседавач со Претседателството на БиХ, 2014-2015, 2016-2017; Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска 2007-2014, Јоси Беилин, поранешен министер за правда на Израел; Драгољуб Поповиќ, поранешен судија во Европски суд за човекови права; Каталин Богиај, претседател на 36-та Генерална конференција на УНЕСКО, поранешен амбасадор на Унгарија на ОН и УНЕСКО; Рашела Мизрахи, пратеничка во Собранието на Република Македонија.

На прашањето како да се градат културни мостови меѓу младите, претседателот Иванов истакна дека прво и најосновно е интеркултурниот дијалог кој е основа за градење разбирање меѓу младите од различни култури. Тој истакна дека во изминатите 15 години на Школата за млади лидери, имавме учесници од сите континенти и од различни култури, и дека тоа искуство е многу позитивно затоа што личниот контакт е незаменлив.

На вториот дел од форумот, воведни обраќања имаа министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Елена Кузмановска. Во панел- дискусијата на тема „Одржлив развој, безбедност и економска дипломатија за олеснување на глобалното владеење” свои излагања имаа Али Џалали, поранешен министер за внатрешни работи на Авганистан, Давор Филиповиќ, поранешен министер за економија и одржлив развој на Хрватска, д-р Ханс Кохлер, претседател на Меѓународната организација за напредок, Нондас Метаксас, поранешен извршен директор на Кипарската берза и г-ѓа Тасмина Ахмед-Шеик, претседател на партијата Алба, Шкотска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ