Информацијата ја пласира „Газета дело Спорт“ кој наведува дека Иванишевиќ е сериозен кандидат за нов тренер на Синер.
„Горан Иванишевиќ е без ангажман по разделбата со Елена Рибакина. Хрватскиот освојувач на Вимблдон би можел да му помогне на Синер да го унапреди сервисот како што години тоа го правеше со Новак Ѓоковиќ. Со српскиот тенисер, Иванишевиќ имаше одлична соработка и од неговиот сервис направи моќно оружје“, стои во текстот на „Газета“.
Иванишевиќ би пристигнал на местото на Дарен Кејхил кој ќе се раздели со Синер на крајот од сезоната.