Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска остварил средба со младиот пливач Никола Ѓуретановиќ.
– Еден ваков талент не само што треба да се поддржи, туку треба и да се мотивира да продолжи да го надградува својот талент. Со сета почит кон неговата работа и резултати, можам да кажам дека ќе сторам сѐ што е во моја моќ, пред сѐ, како човек, ова дете да ја добие поддршката што ја заслужува. Она што можам да го ветам е дека во следниот период ќе добие едногодишна стипендија од Демократската партија на Србите во Македонија, рекол по средбата заменик-претседателот и министер Стоилковиќ.
На средбата, како што информираа од Кабинетот на Стоилковиќ, станало збор за досегашните достигнувања и идни планови на Ѓуретановиќ.
МИА