Иван Јуриќ по неуспешната авантура во Рома брзо најде нов ангажман, денеска е промовиран за нов тренер на Саутемптон.
„Саутемптон со задоволство може да потврди дека Иван Јуриќ е нов тренер на првиот тим“, велат од англискиот клуб.
Хрватскиот стратег ќе има тешка задача да го спаси Саутемптон од испаѓање со оглед на тоа што се заковани на дното со само пет освоени бода по 16 натпревари.
Welcome to Southampton, Ivan Jurić 😇
— Southampton FC (@SouthamptonFC) December 21, 2024