четврток, 19 декември 2024

Итен состанок на ЦИА, ФБИ и други американски безбедносни служби поради мистериозните дронови

Функционери на ЦИА, ФБИ, министерството за внатрешна безбедност и министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави се сретнале синоќа со членови на разузнавачкиот одбор на претставничкиот дом поради неидентификуваните летала кои се пријавени во повеќе држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Брифингот траел цели три часа, а кога завршил разузнавачките функционери изјавиле дека „нема ништо опасно во инвазијата на дронови“ која им се случува на жителите на САД.

Пораката била дека мистериозните летала не се дел од тајна владина операција, и кажано е дека се чини дека не постои никаква причина за загриженост.

Тоа е ставот на сите учесници на состанокот, на кој присуствувал и портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.

Сепак, капетанот на американската крајбрежна стража, 56-годишниот Пол Сприцер, кажал дека не верува дека сите забележувања на мистериозни објекти на небото можат да се објаснат со авиони или дронови.

„Постои голем процент од нив кои не се комерцијални авиони или дронови, како неподвижните објекти на небото кои имаат големина на средно возило кои само лебдат таму пет или шест или седум часа“, кажал Сприцер.

Фокс њуз наведува дека сепак најголемиот број од повеќе од 5.000 пријавени дронови, се всушност авиони, хеликоптери или хоби дронови кои работат законски.

„Не постои очигледна закана која доаѓа од кое било место“, кажа по состанокот пратеничката Криси Хулахан, демократка од Пенсилванија.

Пратеникот Џим Хајнс, демократ од Конектикат, исто така смета дека нема докази дека некој дејствувал противзаконско или дека кој било од овие дронови, колку што знаат властите, е поврзан со злонамерна акција.

„Мислам дека немаме причина да веруваме дека кријат информации. Поставивме серија детални прашања на тимот од 28 луѓе за три часа“, истакна тој.

И американскиот претседател Џо Бајден се обиде да ја увери јавноста дека нема причина да се плаши од дроновите.

Можно е тие дронови да се резултат на одбранбениот договор од 2018 за развој и тестирање на „противтерористички“ дронови.

Меѓутоа, се наведува дека на американското министерство за одбрана му е дозволено да ги негира тврдењата за нивно постоење и тестирање, што значи дека владата применува посебни ограничувања на информациите.

Се напоменува дека Федералната управа за воздухопловство на 21 ноември издала предупредување за ограничено користење на воздушниот простор, со кое се забрануваат летови над базата Пикатини од „посебни безбедносни причини“ до 26 декември.

Ова известување на ФАА покажува дека во таа област се одвива тестирање на американски дронови. Тоа е предупредување другите да го избегнуваат тоа подрачје во тој период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ