„Секој што ја навредува Италија мора да биде забранет на Евровизија“, напиша Сентинаио од екстремно десничарската партија Лега во објава на Инстаграм.
Естонскиот рапер Томи Кеш минатата недела победи на музичкиот натпревар „Ести Лаул“ во Естонија со неговата песна „Еспресо Макијато“, што значи дека ќе ја претставува својата земја на претстојниот Избор за песна на Евровизија.
Според Сентинио, песната зборува за некој кој се збогатил пиејќи кафе и е испеана на „страшен италијански“.
„Треба да дојде во Италија и да види како работат пристојни луѓе пред да си дозволи да пишува такви глупави песни полни со клишеа“, рече Сентинаио.
Песната содржи стихови како „Сакам да летам во приватен авион, со 24 карати“ и „Работам дење и ноќе, затоа се потам како мафијаш“, отпеани со мешавина од англиски, италијански и измислени зборови.
Италијанското здружение за заштита на потрошувачите Кодаконс, исто така, соопшти дека формално ќе се жали до Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го води натпреварот за песна на Евровизија, велејќи дека дава „искривена и навредлива слика“ за Италија.
„Доколку се исклучат песните со сексистичка содржина, зарем не би било соодветно да се исклучи песна која навредува цела култура?“
„Еспресо Макијато“ собра повеќе од 2,3 милиони прегледи на Јутјуб. Изборот за песна на Евровизија оваа година ќе се одржи во швајцарскиот град Базел во средината на мај.