Најголемиот предизвик за Италијанците беше полуфиналето против Србија, откако ги поминаа нив, во финалето многу полесно дојдоа до победата.
Во првиот натпревар Арналди беше подобар од Алексеј Попирин со 2-1 во сетови. Италијанецот првиот сет го доби со 7-5, Попирин возврати со убедливи 6-2, но во третиот решавачки Арналди беше подобар со 6-4 и донесе водство на Италија.
Потоа следуваше настап на Синер кој само уште еднаш потврди дека игра во страшна форма и во моментов е убедливо најдобриот италијански тенисер.
Синер со 2-0 го прегази Алекс Де Минор. Првиот сет го доби со 6-3, а вториот со 6-0.
Ова е втора титула за Италијанците во Дејвис купот, првата беше пред 47 години.