петок, 18 октомври 2024

Италија го презема раководството со групата Г7. „Сакаме да ги одвратиме мигрантите од Африка“

Африка и опасностите од вештачката интелигенција (АИ) ќе бидат две клучни теми за време на едногодишното италијанско претседавање со форматот Г7, објави денеска премиерката Џорџа Мелони. Италија го презеде ротирачкото претседателство во јануари. Во групата се и САД, Канада, Јапонија, Германија, Франција и Велика Британија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Италија ќе биде домаќин на серија министерски состаноци во текот на годината и состанок на лидерите во јуни. Мелони најави дека сака да одржи специјална седница пред јуни на тема вештачка интелигенција. „Многу сум загрижена за влијанието на вештачката интелигенција на пазарот на трудот“, рече таа на прес-конференција на крајот на годината.

„Денес се соочуваме со револуција во која човечкиот интелект е под закана да биде заменет“, рече таа. Мелони рече дека централна тема ќе биде и поддршката за африканскиот развој и нагласи дека од клучно значење е зајакнувањето на локалните економии и животниот стандард за да се одвратат мигрантите од патот кон Европа.

„Она што мислам дека треба да се направи во Африка не е милостина. Во Африка треба да се изгради соработка и сериозни стратешки односи на еднакви, а не предаторски. Во Африка е неопходно да се брани правото да не се емигрира, а тоа може да се постигне со инвестиции и стратегија“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ