недела, 22 декември 2024

Истрага за разбојникот кој ограбил две обложувалници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник од тетовско Боговиње осомничен дека сторил две кривични дела „разбојништво“.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, на 12 септември тој влегол во обложувалница на улицата „Никола Тримпаре” во Скопје и со опасно орудие – скалпел се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата.

На 14 септември, на сличен начин, од обложувалница во трговскиот центар „Лептокарија” во Скопје, заканувајќи се со скалпелот на еден вработен, одзел 80.250 денари.

„Бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречува постапката и да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, информира ЈОРСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ