„На 7 февруари, при претрес во домот му биле пронајдени две пакувања марихуана со вкупна нето маса од 35,46 грама, како и петнаесет пакувања хероин со вкупна нето маса од 13,49 грама. Во станот биле пронајдени и апарат за мелење шеќер на кој има остатоци од кокаин и хероин, бидејќи го користел за дробење и ситнење на дрогата во прашкаста материја, дигитална вага на која ги мерел наркотичните дроги, како и други предмети со траги од дрога кои ги користел за мешање“, информираа од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повтори делото, но и да ја попречува постапката со влијание врз сведоци и евентуални соучесници.