Завршнцата во Купот на Македонија ќе донесе нова историја, Тиквеш и Воска за прв пат ќе играат во финале.
Тиквеш на пенали беше подобар од Шкупи, откако и денешниот реванш заврши без погодоци.
Дарко Илиевски беше несреќниот фудбалер во пенал рулетот, не реализираше од белата точка, по што Тиквеш славеше со 5-3.
На вториот натпревар, Македонија ЃП славеше со 2-1 против Воска, но тоа не беше доволно за домаќините да го бранат трофејот.
Јахији ги донесе гостите во предност од 0-1, Самир Фазли изедначи на 1-1 во 25. минута, за Крсте Велковски од пенал да реализира за 2-1 во 64. минута.
Македонија ЃП потоа тргна и по трет гол, но на крајот не успеа да стигне до посакуваната цел и Воска се радуваше на финале.