Нуркиќ оствари дури 31 скок на овој натпревар, со што постави нов рекорд по број на скокови на еден меч во Феникс. Но, неговата брлијантна скок игра не беше доволна за Феникс да оствари победа, тој запиша и 14 поени.
Jusuf Nurkic finished tonight's game with 31 rebounds 🤯
▪️ Suns franchise record for most rebounds in a game
▪️ Most rebounds by any player since the 2010-11 NBA season pic.twitter.com/PUYO2tUMo2— NBA (@NBA) March 4, 2024
Феникс во третиот период имаше негатива од 24 поени, но направи голем пресврт и во текот на последниот период дојде до водство од 7 поени разлика. Сепак во финишот, кога се решаваше мечот, гостите беа подобри и на крајот славеа со 118-110.
Најдобар во составот на Оклахома беше Гилгеус Александер со 35 поени, најефикасен кај Феникс беше Бил со 31 поен.
Резултати:
Далас – Филаделфија 116-120
Бостон – Голден стејт 140-88
Минесота – ЛА Клиперс 88-89
Орландо – Детроит 113-91
Торонто – Шарлот 111-106
Кливленд – Њујорк 98-107
Сан Антонио – Индијана 117-105
Феникс – Оклахома 110-118