сабота, 19 октомври 2024

Ист гејт мол: Изолиран инцидент, трговскиот центар продолжува со редовна работа

Tрговскиот центар Ист гејт мол во Скопје, по денешното пукање во центарот, соопштува дека се преземни сите потребни безбедносни мерки и дека продолжува со нормална работа по обезбедени мерки за тековна оператива. 

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22 часот.

Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите“, соопшти Ист гејт мол. 

Попладнево во овој трговски центар две лица беа повредени, откако врз нив се пукало, по што повредените биле пренесени во болница за укажување медицинска помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ