петок, 31 јануари 2025

ИСОС: Повеќе од 4.000 сметководители се усогласени со законот, но поединци сѐ уште работат во сива зона

Во текот на денот треба да се одржи состанок со претставници на сметководителите и Институтот на овластени сметководители со цел да се надмине проблемот што се јави откако дел од сметководителите останаа без лиценци за работа. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во изјава за медиумите го најави состанокот. Од Институтот за овластени сметководители излегоа со информација дека до крајот на јануари, вкупно 4.767 сметководители и овластени сметководители во земјава, „наспроти малиот број поединци кои и покрај сите укажувања и опомени не ги исполниле овие свои законски обврски“.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска ќе имаме состанок со одредена група од сметковидители и од претставници на Институтот на овластени сметковидители и ќе видиме што ќе се случува“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Од Институтот за овластени сметководители излегоа со информација дека до крајот на јануари, вкупно 4.767 сметководители и овластени сметководители во земјава, навремено и уредно ги исполниле законските обврски и се стекнале со право на потпишување на годишни сметки и се внесени во базата на податоци на Централниот регистар.

„Ваквата висока бројка јасно покажува дека речиси сите професионални сметководители во земјата доследно ги почитуваат своите законски обврски, односно навремено и точно ги ажурираат своите податоци, ги имаат исполнето законски утврдените часови за континуирано професионално усовршување и редовно и во целост ја платиле предвидената законска членарина, наспроти малиот број поединци кои и покрај сите укажувања и опомени не ги исполниле овие свои законски обврски“, велат од Институтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ