Доцна синоќа пристигна закана за терористички напад на натпреварите во Лигата на шампионите.
Исламската држава, преку фондацијата Ал Азаим, пласираше постер со сите стадиони (Паркот на Принцовите, Сантијаго Бернабеу, Метрополитано и Емирати) на кои се играат четвртфиналните натпревари во најелитното европско натпреварување, и беше напишана пораката: „Убиј ги сите“.
Како што пренесува Марка, властите во Мадрид денеска ќе имаат нов состанок на кој ќе одлучат дали дполнително ќе ја зголемат безбедноста, која и онака е на високо ниво бидејќи во главниот град на Шпанија ќе има два големи натпревари во период од два дена.
Натпреварите Реал Мадрид-Манчестер Сити и Атлетико Мадрид-Борусија Дортмунд од претходно се прогласени за висок ризик, и за редот ќе се грижат повеќе од 3.000 полицајци.
Се очекува речиси 8.000 навивачи на Манчестер Сити и Борусија Дортмунд да пристигнат во Мадрид.
#NEW —ISIS threatened to attack the stadiums hosting the Champions League quarter-finals. pic.twitter.com/7uHeUlre8s
— UK R REPORT (@UKR_Report) April 9, 2024