недела, 9 февруари 2025

Иранскиот лидер Хамнеи се сретна со лидерите на Хамас

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска во Техеран се сретна со вршителот на должноста лидер на Хамас, Калил ал-Хаџ и уште двајца лидери на палестинската група, јави иранската државна телевизија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го победивте ционистичкиот режим, што всушност е пораз на Америка“, рече Хамнеи, чија земја го поддржува Хамас во војната со Израел, пред палестинската делегација. „Не им дозволивте да постигнат ниту една од нивните цели“.

Иранската телевизија објави дека палестинските лидери биле во Техеран за да му честитаат на Хамнеи на годишнината од иранската револуција во 1979 година. Тие изразија благодарност за континуираната поддршка од Иран.

Во делегацијата, меѓу другите, беа и Мохамад Дарвиш, лидер на раководниот совет на Хамас и највисокиот функционер на Хамас Низар Авадала.

Членовите на делегацијата му поднесоа извештај на Хамнеи за актуелната ситуација во Газа и Западниот Брег и за „остварените победи и успеси“.

„Горди сме што пристигнавме на денешната средба со вас“, му рече Ал Хаџ на Хамнеи, кој истакна дека американските закани кон Иран „не влијаат на начинот на кој размислува нашата нација“, објавија иранските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ