Говорејќи на церемонијата во Техеран вчера, заменик-командантот на ИРГЦ, бригадниот генерал Али Фадави рече дека луѓето ги испрашувале воените претставници за тоа дали операцијата „Вистинско ветување III“ ќе биде спроведена.
„Луѓето мора да имаат предвид дека ИРГЦ ги исполни сите свои ветувања од своето основање. Операцијата „Вистинско ветување III“ ќе биде спроведена во вистинско време“, посочи тој.
Израел на 26 октомври изврши три бранови напади врз Иран, при што загинаа четворица ирански војници. Стануваше збор за израелска одмазда за иранскиот напад со балистички ракети врз Израел кој беше извршен на 1 октомври. Времето и природата на претстојната одмазда на Техеран против Израел сè уште не се јасни, пишуваат иранските медиуми.
Иран оваа година двапати директно ги нападна израелските позиции. Во април како одговор на израелскиот напад врз иранската амбасада во Дамаск и во октомври како одмазда за убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханија. Иран овие напади ги нарече „Вистинско ветување I“ и „Вистинско ветување II“.