Инженерите ги бараат одлуките за утврдување на статус на стратешки инвестициски проект на фабрика за производство на зелена енергија, ветерна електрана – Вирови, сончева електрична централа – Ерџелија, соларен парк Стипион, Грид-тиед солар плант, ХЕЦ Солар, фотоволтаични електрани во КО Јамуларци и КО Скандалци, Митилинеос когенеративна постројка Скопје, ски Центар Тетово Попова Шапка, фотоволтаична централа Балдовенци, Ениас ветерна електрана и Аим греен ТЕЦХ.
Се бараат и датумите кога до Владата се испратени барањата за мислење од Комисијата за стратешки инвестициски проекти, како и датумите кога се доставени позитивните мислења за сите 12 претходно наведени предлог-договори за стратешки инвестициски проекти како и предлог закони со кои се уредува реализацијата на овие проекти.