Во соопштението на МВР се вели дека министерот Тошковски одржа работен состанок со раководството на единицата каде се разговараше за тековните активности и проблеми со кои се соочуваат.
Акцент беше ставен на претстојните избори во чие спроведување Единицата за интервентна полиција има значајна улога од аспект на обезбедување на целокупната безбедност на изборниот процес, се вели во соопштението.