Вo последниот натпревар од 31. коло во Серија А, Интер триумфираше со 1-2 на гостувањето кај Удинезе.
Домаќините поведоа пред крајот на првиот дел под чудни околности, една обид на Самарџиќ, кој повеќе наликуваше на додавање отколку на шут, заврши во мрежата откако Дамфрис и Зомер не се разбраа кој ќе интервенира.
Интер изедначи по десетина минути игра во второто полувреме, Чалханоглу од пенал погоди за 1-1.
Трите бода беа зграпчени во 95. минута од мечот, Лаутаро со удар од врвот на шеснаесетникот ја зпогоди стативата, а прв до одбиената топка дојде Фратези, кој рутински од пет метри ја затресе празната мрежа.
Со овој триумф, Интер се врати на +14 во однос на Милан, и го делат уште три победи до Скудетото.