Историска победа на Интер над Лацио, Симоне Инзаги триумфираше над својот поранешен клуб со неверојатен резултат.
Долго време беше 0-0, првиот гол беше постигнат дури во 41. минута кога Чалханоглу победи од пенал. Во тој момент ништо не даваше дознаење дека ќе се случи дебакл.
Пред крајот на првиот дел погоди и Димарко за водство на Интер од 2-0. Со тој резултат заврши првото полувреме.
По шест минути игра во вториот дел Барела зголеми на 3-0, а само две минути подоцна Думфрис зголеми и на 4-0.
Карлос Аугусто во 77. минута даде гол за 5-0, а пред самиот крај погоди и Турам за конечни 6-0.