вторник, 11 февруари 2025

Интер ја победи Фиорентина и дојде на бод до Наполи (ВИДЕО)

Интер со 2-1 ја совлада Фиорентина и го искористи киксот на Наполи кој претходно одигра нерешено на свој терен против Удинезе.

Објавено на

часот

Сподели

Интер поведе со автогол на Понграчиќ во 28. минута, пред крајот на првиот дел Фиорентина од пенал изедначи на 1-1, Мандрагора беше стрелец на голот од белата точка.

По само седум минути игра во второто полувреме Арнаутовиќ реализираше со глава за победа на Интер од 2-1.

По 24 одиграни кола прв е Наполи со 55 бодови, Интер има 54, Аталанта 50.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ