Се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.
По повикот што го имаше лани МПЦ, Анѓушев со лична донација одлучи да помогне, не информираат од прес службата на неговата фирма Брако.
За целосно довршување на храмот, како што посочија денеска од МПЦ-ОА, ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници.
„Инаку, новиот храм се гради во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години“, се вели во соопштението од Скопската епархија при МПЦ-ОА.