петок, 18 октомври 2024

Иницијатива по Ацо Шопов да се именува Филолошкиот факултет во Штип

Објавено на

часот

Сподели

„Се дискутира на таа тема и треба да се разгледаат правните аспекти, бидејќи ние сме интегриран универзитет, на којшто сите единици се делови од Универзитетот Гоце Делчев. Лично јас немам никаква забелешка, доколку еден ваков истакнат поет биде патрон и неговото име е на Филилошкиот факултет“, изјави Мираковски.

Деканката на Филолошкиот факултет, Караниколова-Чочоровска посочи дека нејзините заложби се овој факултет да го носи името на Ацо Шопов. Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ собра научници од сите страни на светот и од Универзитетите во земјава и на Балканот.

„Покриен е добар дел од севкупната творечка активност на Ацо Шопов почнувајќи од неговата поезија и неговите препеви. Интересно е тоа што многу се пишува за поезијата на Шопов конкретно на нашава конференција и тоа препеви на германски, турски, потоа Шопов препеан на руски, на англиски, француски. Простете ми ако некој од јазиците на којшто ќе третира препеаноста на поезијата на Шопов го пропуштив“, вели Караниколова-Чочоровска.

Таа забележа дека македонска јавност знае за каква велични станува збор.  Ацо Шопов и Славко Јаневски се едни  од камен темелниците и претставници на првата генерација на поети во современата македонска литература.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ