Таравари кој денеска заедно со заменик министерот за здравство, Јовица Андоновки ја посети Клиничката болница Штип, на прашањето од новинарите што ќе се прави со модуларните болници, не знаеше дека и Штип има таков објект. Кога тоа му беше потврдено, одговори дека треба да се размисли рационално и да се одлучи според тоа кој би имал потреба од објектот.
Во текот на ковид – пандемијата, со одлука на Министерството за здравство, беа изградени модуларни болници во 16 градови, но дел од нив сега се изложени на негрижа и посети на несакани гости.
Инаку, Таравари по разговорите во штипската болница, изјави дека таа клиничка болница, како и тетовската, се најважни во државата, покрај скопската клиника, имајќи предвид дека опслужуваат по неколку стотини илјади пацинети. Министерот најави можност до крајот на годината дефицитот од доктори специјалисти да биде надоместен со работен ангажман на лекари специјализанти.
„Интерес за штипската болница пројавија триесеетина лекари, се надевам дека до крајот на годиината ќе бидат ангажирани најмалку десет лекари на одделенијата каде се најпотребни“, рече Таравари и најави дека на ниво на Македонија интерес за работен редовен однос во некоја од болниците пројавиле 480 лекари специјализанти.
Како особен проблем во сите болници Таравари го наведен недостигот од средно – медицински кадар, особено од медицински сестри.
Во штипската Клиничка болница, како што рече директорот Владко Захариев, има дефицит на кадри во сите одделенија.
„Најалармантно е на Анестезија и Гинекологија, исто така недостасуваат општи хирурзи и интернисти. Потреба имаме, практично, во сите одделенија“, рече Захариев