петок, 25 октомври 2024

Индустриското производство во септември со раст од 4,5 отсто на месечно ниво

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст од 23,4 проценти, а пораст има и во преработувачка индустрија од 3,8  проценти. Опаѓање од 10,1 процент е регистриран во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. 

Објавено на

часот

Сподели

Индустриското производство во септември годинава во однос на септември минатата година е зголемено за 4,5 отсто, а за 0,7 проценти во периодот јануари – септември годинава во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст од 23,4 проценти, а пораст има и во преработувачка индустрија од 3,8  проценти. Опаѓање од 10,1 процент е регистриран во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. 

ДЗС посочува дека зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: производство на пијалаци, Производство на хемикалии и хемиски производи, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на машини и уреди и производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 21,5  проценти и капитални производи за 0,7 проценти, а опаѓање кај енергија за 10,5  проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 6,8 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8  проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ