Ноќва се одиграа шест натпревари во НБА лигата, а најинтересно беше на мечот помеѓу Индијана и Бостон, во контроверзен финиш, домаќините славеа со 133-131.
При резултат 131-131, гостите имаа напад во кој Џејлен Браун беше фаулиран и требаше да добие две слободни фрлања на 3 секунди до крајот. Но тренерот на Индијана ја оспори одлуката, судиите прегледуваа, и на големо изненадување решија дека нема фаул, и покрај тоа што Џејлен Браун беше удрен во глава.
Па домаќините го искористија подарокот, и со слободните фрлања на Бендик Матурин ја однесоа победата.
Токму Бенедик Матурин беше најефикасен во редовите на Индијана со 26 поени, додека пак Џелен Браун со 40 поени беше прв играч во редовите на Бостон.
Лос Анџелес Клиперс го прегази Феникс и славеше со 138-111 за втора победа против истиот противник во период од пет дена.
Џорџ постигна 25, а Харден и Зубац по 19 поени во триумфот на „ножичките“, додека Дурент со 30 поени беше најефикасен во редовите на „сонцата“.
Шарлот – Чикаго 112:119 (п)
Индијана – Бостон 133:121
Вашингтон – Оклахома 128:136
Мајами – Хјустон 120:113
Милвоки – Јута 116:132
Л.А Клиперс – Феникс 138:111