ИСРО соопшти дека ќе истражува начини да го одржи човечкото присуство во вселената кога ќе заврши мисијата „Гагањан“.
Како што се наведува, целта на „Гагањан“ мисијата е развивање вселенска капсула со човечки екипаж која ќе носи три астронаути во орбитата на висина од 400 километри, на период од три дена, пред да се спушти во Индиски Океан.
Мисијата, која доаѓа по историското слетување на леталото Чандрајан-3 на јужниот пол на Месечината, се издвоени околу милијарда долари.
Индискиот премиер Нарендра Моди кажа по успешното лансирање дека „тоа е чекор кој ја приближува земјата до имплементација на сопствената вселенска програма со човечки екипаж“.
Индија на почетокот на септември успешно лансираше ракета за да го проучува Сонцето, соопшти вселенската агенција на таа земја, по историскиот успех со слетувањето на јужниот пол на Месечината со роверот Чандрајан-3.
Во директниот пренос на интернет страницата на Индиската организација за истражување на вселената (ИСРО), кој го гледале речиси 500.000 гледачи, со илјадници собрани во галеријата за набљудување во близина на местото за лансирање, ракетата полетала оставајќи зад себе трага од чад и пламен, додека научниците ракоплескале, пренесуваат индиските медиуми.