петок, 18 октомври 2024
Прес-конференција на Вреди

Имери Стафаи: Економските директори ги разрешуваме, ветивме партиски кадри да не се на товар на здравството

Пратеничката на коалицијата Вреди, Саранда Имери Стафаи на прес-конференција во Собранието му порача на ДУИ дека укинувањето на економските директори во клиниките беше предизборно ветување и дека ќе се спроведе, зашто таквата функија е само вработување на партиски кадри, но на товар на граѓаните кои плаќаат за здравството.

Објавено на

часот

Сподели

„Не дозволуваме партиски активисти да се вработат на позиции на товар на џебот на граѓаните. Но се посветуваме на поефикасни услуги за граѓаните и пациентите. ДУИ се обидува да го заштити криминалот на своите директори кои ќе излезат од вонредните ревизии што ги најавуваме. Беа на власт и не знам зошто не ги регулираа нивните позиции и статусот на вработените, туку ги искористија за купување на гласови и сега леат крокодилски солзи“, рече Имери Стафаи по обвинувањата на Европскиот фронт дека министерот Арбен Таравари врши психолошки и институционален притисок до ниво на закани врз организациските директори, но и медицинските директори на клиниките иако имаат мандат, да се повлечат од функцијата.

Пратеничката одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека нема основа за автентично толкување на Охридскиот договор.

„Тоа е само наратив е на Европскиот фронт кој го повторуваат на секоја прес-конференција и тоа го прават заради дневна политики. Но, ние продолжуваме со нашата работа како коалиција и во соработка со Владата. Рамковниот договор воопшто не е доведен во прашање и нема основа за негово автентично толкување, рече таа.

Пратеничката потоа одговори дека со ребалансот на буџетот, во општините со мнозинско албанско население ќе бидат инвестирани 30 милиони евра.

„Оваа инвестиција е важен чекор за подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и квалитетот на животот на граѓаните. Оваа финансиска програма ќе вклучува различни развојни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура, изградба и одржување на патишта за да се олесни циркулацијата и поврзувањето меѓу општините, зголемување на квалитетот на образованието, инвестиции во училишта, обука на наставниците за да се гарантира квалитетно образование за младите, подобрување на здравствените услуги, опремување на болниците и здравствените домови со модерна технологија и зголемување на капацитетите за напредни здравствени услуги, економски развој, поддршка за локални бизниси и нови економски иницијативи за стимулирање на создавање работни места и економски развој на регионот, заштита на животната средина, проекти за зачувување и заштита на животната средина за да се гарантира одржлива иднина за идните генерации“, рече Имери Стафаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ