петок, 18 октомври 2024

Има лекари со минимална плата и без здравствено осигурување, од новиот министер се oчекуваат одлуки

И натаму има лекари и вработени во јавното здравство кои добиваат минимална плата, а со години работат без здравствено и пензиско осигурување, потсетија од Независниот синдикат на здравствени работници и административен технички персонал (НСЗР) и Здружението на приватни лекари (ЗПЛРМ) кои започнаа соработка под мотото „Заедно сме посилни“. Тие го повикуваат новиот министер за здравство, откако ќе биде избран, веднаш да се зафати со решавање на проблемот, зашто здравствениот кадар заминува во странство.

Објавено на

часот

Сподели

„Приоритет на новата влада треба да бидат вработените во јавното здравство, кои повеќе од пет години работат без здравствено и пензиско осигурување. Тие треба да се приоритет и веднаш по формирањето на новата влада да се направи нешто, заедно со новиот министер за здравство, приватните доктори и со јавното здравство, да им се реши ситуацијата на овие луѓе, бидејќи ќе нѐ снајде уште еден егзодус од илјада до две илјади вработени кои работат повеќе од 5 години, кои што се вработени за време на кризата“, рече претседателот на НСЗР Боби Бојчевски на прес-конференција со претседателката на ЗПЛРМ, Лилија Чолакова.

Очекувањата, додаде Бојчевски, се дека со назначувањето на новиот министер за здравство ќе се решат проблемите на вработените, бидејќи како што рече, жално е за минимална плата да држат цели одделенија во јавното здравство.

„Го чекаме назначувањето на новиот министер и да се договориме за ситуацијата за приватните доктори, а исто и за вработените во јавното здравство. Очекуваме позитивна клима и ќе се реши овој проблем, бидејќи тие луѓе се вработени повеќе од 5 години со плата од 21.700 денари, тоа е срамно и жално, а држат цели одделенија во јавното здравство, како примарна медицина, вакцинација, лабаратории, физикални и така натаму“, истакна Бојчевски.

На прес-конференцијата беа промовирани новите претседатели на синдикатите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и ГОБ „8 Септември“ Мето Трајановски и Слободан Алексиќ. Тие доаѓаат, откако нивните претходници Јосиф Ѓоревски, претседател на синдикатот на „Мајка Тереза“ и Кристина Олевска, претседателка на синдикатот на „8 Септември“, го напуштиле јавното здравство и станале лекари во приватната клиника „Аџибадем Систина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ