петок, 18 октомври 2024

Им нема крај на несреќите на релито Дакар

Објавено на

часот

Сподели

Со три жртви во воведните две етапи тргна карванот на најтешкото и најнепредвидливо рели Дакар, а инцидентите не ја одминаа и третата етапа, дополнувајќи го податокот за најцрниот старт на релито. Аргентинскиот мотоциклист Хорхе Мартинес Боера загина во првата етапа, татко и син од публиката – во втората, при пад на лесен авион, а Французинот Ку откако колабирал поради високите температури.

Францускиот мотоциклист, според официјалните лица во болницата Теодоро Шестаков, колабирал на температурите над 40 Целзиусов степен, и неизвесно е колку долго лежел на таа жега пред да биде пронајден.

„Го примивме во критична состојба. Не знаеме колку долго бил изложен на сонце. Моментно е на интензивна нега, а неговата телесна температура е над 40 степени“, изјавија од болницата.

Сирил Деспре, победникот на релито Дакар во 2010 година, во конкуренција на мотоциклистите, победи на третата етапа на годинешното рели, кое се возеше од Сан Рафаел до Сан Хуан. Со победата Деспрего се искачи на првото место во генералниот пласман со речиси десет минути предност во однос на Марк Кома, откако Шпанецот на третата етапа направи катастрофална грешка

Нани Рома, победи кај автомобилистите пред Криштоф Холовчик и актуелниот шампион Насер Ал-Атијах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ