среда, 23 октомври 2024

Им ја запалил влезната врата, па ги прскал со спреј во очите

Вчера во 11.30 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од полициската станица Валандово го лишиле од слобода К.Ш.(23) од с.Удово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, по член 288 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Тој се сомничи дека околу 08.30 часот со запалива течност предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на П.Л., а откако бил забележан од сопствениците со спреј испрскал еден од нив и го напуштил местото. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ