четврток, 26 декември 2024

Илегално престојувал во земјава и со возачка дозвола се обидел да влезе во Грција

Вчера на граничниот премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Р. (62) од Скопје. Тој на преминот допатувал со патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки во кое сопатник бил А.В. (31), кој на увид приложил германска возачка дозвола и немал друг документ за идентификација.

Објавено на

часот

Сподели

По извршени проверки било утврдено дека А.В. илегално престојувал во државата и на Г.Р. му дал пари да го превезе до Република Грција. За настанот бил запознаен надлежен јавен обвинител, додека А.В. бил пренесен во прифатен центар за странци во Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ