петок, 20 декември 2024

ИЈЗ: За една недела 118 нови пријавени случаи на грип

Од 9 до 15 декември во државава се пријавени 118 случаи на групни пријави за заболени од грип. Заболувања слични на грип има 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен попладнево.

Објавено на

часот

Сподели

Седумдесет и четири лица се на возраст од 15 до 64 години. Дваесет се над 65 години, 14 деца на возраст од пет до 14 години и 10 на возраст до четири години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

„Заболените се пријавени од 13 ЦЈЗ/ПЕ, Гостивар – 27, Дебар – 24, Куманово – 20, Скопје – 11, Кавадарци – 8, Тетово – 7, а во Неготино, Струмица, Охрид, Кратово, Прилеп, Кичево и Радовиш бројот на заболени е помал или еднаков на пет. Во 10 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во две – Кратово, Гостивар – сезонска, а во една – Дебар – средна активност на вирусот на грип“, наведено е во извештајот.

Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 660, покажуваат податоците на Институтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ