петок, 18 октомври 2024

ИЈЗ: Сите реагенси се исправни

Денеска се добиени резултатите од испитувањата и се установи дека молекуларните тестови за детекција на голема кашлица, како и подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците за изготвување на антибиограми и сите реагенси кои се наоѓаа во исклучените фрижидери, се функционални и може да се продолжи со нормално функционирање на одделението за бактериологија, соопшти Институтот за јавно здравје по диверзијата со исклучувањето на фрижидерите во кои се чуваат овие реагенси.

Објавено на

часот

Сподели

На 31 јули беше утврдено дека комора и фрижидер на одделението бактериологија во ИЈЗ беа оставени без електрично напојување поради исклучен осигурувач.
Веднаш е направен увид на подлогите за работа, реагенсите и антибиотиците за антибиограм, од комората и фрижидерот кои беа исклучени од електрично напојување. Направени се сите неопходни микробиолошки анализи за проверка на квалитетот и исправноста на истите, а за добивање на резултат беа потребни 24 часа.
Воедно превземени се дополнителни мерки за унапредување на биолошката
сигурност.
Раководството на ИЈЗ ќе ги имплементира сите работни процедури во насока
на подобрување на безбедноста како и унапредување на квалитетот на
услугите кои ги дава ИЈЗ“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ