среда, 12 март 2025

Игри, креативност, продуктивност – Галакси С25 ултра има сé!

Самсунг ги претстави новите телефони од серијата Galaxy S25, од која, како што и се очекуваше, најмногу блесна флегшип моделот Galaxy S25  Ultra, уред кој го поставува новиот стандард за мобилни телефони, комбинирајќи напредна технологија, издржливост и иновации кои ја трансформираат секоја секунда на вашето искуство. Овој телефон е повеќе од само паметен телефон – тоа е алатка за продуктивност, креативност и, секако, совршен гејминг партнер.

Објавено на

часот

Сподели

Еден од најголемите адути на Galaxy S25 Ultra е неговата моќна продуктивност, која се постигнува благодарение на напредниот чип Snapdragon 8 Elite. Со овие перформанси, вашиот телефон е подготвен за сè – од работа до забава. Вграденото S Pen пенкало ви овозможува да пишувате, скицирате или да пишувате забелешки како на хартија, додека пак системот на функции со вештачка интелигенција Galaxy AI автоматски ги оптимизира вашите задачи и го прави секој ваш ден поинтуитивен и поефикасен. Без разлика дали ја користите функцијата Помош за пишување (Writing Assist) за брзо резимирање на документи или Транскрипција на повик (Call Transcript) за трансформирање на повици во автоматски белешки, Galaxy S25 Ultra ќе ве следи низ сите ваши секојдневни активности.

Но, ова не е само телефон кој ќе ја истакне и мотивира вашата продуктивност – ова е совршениот телефон за гејминг кој ќе ви помогне да ги надминете сопствените резултати! Galaxy S25 Ultra е опремен со најновата графичка и процесорска технологија која го прави идеален избор за сите страствени играчи. На големиот и живописен 6,8-инчен екран, сите ваши игри ќе изгледаат неверојатно јасни и со извонреден контраст, а со подобреното следење зраци во реално време и оптимизација на Vulkan, ќе се нурнете длабоко во акцијата со ултра мазна игра благодарение на Snapdragon® 8 Elite за Galaxy.  Од моментот кога ќе ja започнете игра, благодарение на напредниот графички процесор и интелигентната оптимизација од Galaxy AI, играта ќе тече без никакви прекини, дури и во најнапредните и најинтензивни делови.

И нема повеќе страв од прегревање! Galaxy S25 Ultra се грижи за температурата на уредот, благодарение на неговиот високо-ефикасен систем за ладење, што значи дека дури и по долги сесии на играње, вашиот телефон ќе остане со нормална температура, подготвен за нови предизвици. Додека играте, напредниот GPU ви гарантира максимални перформанси, додека подобрениот NPU ќе ви го обезбеди најдобро гејминг искуство.

Не само што S25 Ultra е идеален за гејминг, туку можеме без задршка да го наречеме и крал на мобилната фотографија и видеа. Камерата со 200 MP со главниот сензор овозможуваат неверојатни  фотографии и снимки, кои ќе ви ги прикажат и најмалите детали во најтемните услови. Со Galaxy S25 Ultra можете да снимате професионални видеа, а благодарение на Audio Eraser и Galaxy Log, сите ваши сликани или снимани визуелни содржини ќе изгледаат и ќе звучат како да минале низ вистинска продукција.

Galaxy S25 Ultra е достапен за онлајн нарачка, како и во малопродажните салони. И запомнете: овој телефон е совршениот избор  – не само затоа што ќе ви овозможи непречено искуство, туку и ќе ги подигне вашите креативни и продуктивни активности на следното ниво. Овој телефон ги има сите алатки што ви се потребни за да ги совладате сите предизвици, без разлика дали станува збор за игра, работа или забава.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ