сабота, 19 октомври 2024
Уште еден африкански фудбалер обвинет за лажирање на податоците

Играч на Црвена звезда е под истрага, роден е четири години по смртта на неговата мајка

Објавено на

часот

Сподели

Не е првпат фудбалери, особено од африканскиот континент да ги лажираат своите податоци на раѓање со цел како повозрасни да играат во помлади категории. А откако еднаш ќе го направат фалсификатот, тој останува засекогаш и треба да живеат со погрешните бројки.

Големи се шансите таков да е и случајот на Канга кој се води дека е роден во 1990 година и дека има 32 години. Пронајдени се докази, односно извод од умрените според кој мајката на Канга е умрена во 1986 година.

Сега во Африканската фудбалска федерација е покренат случај за Канга за можно фалсификување на неговиот извод.

s

с

Покрај тоа што е под обвинение дека го фасификувал изводот за раѓање, Канга е обвинет и дека всушност не е Габонец, туку роден во ДР Конго, наводно како Киаку Киаку Кианга на 5 октомври 1985 година во Киншаса.

Истрагата за Канга почна уште пред две години, но првично беше отфрлена секаква опција за казна, зашто немаше комплетни докази, кои сега се појавуваат, па не е неочекувано сега да има казна, но прво ќе треба Канга да се изјасни. Во КАФ се сомневаат дека во измамата е вклучена габонската федерација

Тој од 2020 година е дел од Ц. Звезда, ова му е втор мандат во црвено-белиот дрес, зашто играше и во периодот од 2016 до 2018 година кога дојде од Ростов, а потоа две години беше дел и од прашка Спарта од 2018 до 2020 година. За Габон има 60 настапи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ